Велика Британија одобри употреба на вакцините на Оксфорд и на АстраЗенека

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок рече дека е одобрена за употреба вакцината на Оксфорд/АстраЗенека.
Дистрибуцијата ќе започне на 4 јануари „и навистина ќе се забрза во првите неколку недели од следната година“, објави Би-Би-Си.
Велика Британија нарачала 100 милиони дози од производителот AstraZeneca - доволни за вакцинирање на 50 милиони луѓе.
Одобрувањето, од регулаторот на лековите, значи дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Вакцината Оксфорд-АстраЗенека е дизајнирана во првите месеци од 2020 година, тестирана на првиот волонтер во април и оттогаш поминала низ масовни клинички испитувања во кои учествувале илјадници луѓе.
Развиена е со темпо што ќе беше незамисливо пред пандемијата.
Тоа е втора вакцина која што е одобрена во Велика Британија откако вакцината Pfizer-BioNTech доби зелено светло во декември.
Повеќе од 600.000 луѓе во Велика Британија се вакцинирани откако Маргарет Кинан стана прва во светот што ја доби вакцината надвор од клиничките испитувања.
Но, вакцината Оксфорд-АстраЗенека ќе доведе до значително зголемување на вакцинацијата, бидејќи е ефтина и лесна за масовно производство.
Од клучно значење е што може да се чува во стандарден фрижидер - за разлика од вакцината на Pfizer-BioNTech на кој и треба ултра-ладење на -70 C - така што ќе биде далеку полесно да се набави вакцината од Оксфорд.
Веќе се идентификувани приоритетните групи за имунизација - вклучително и старите лица, жителите на домовите и здравствените работници.
Ново на Сител
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
-

Масовни протести во Франција - Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
-

УЈП проверува приливи од странство за 2021 година, испратени персонализирани известувања до граѓаните
-

Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартните позиции пред Големата награда на САД
-

Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба
