-->
-->
Велика Британија повикува на нови санкции за Северна Кореја
-->

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон ја повика меѓународната заедница да воведе нови санкции за Северна Кореја по најновите нуклеарни проби извршени од нејзина страна.
- Ние го повикуваме Советот за безбедност да донесе нова резолуција што е можно побрзо и да се воведат дополнителни санкции, а со цел да се покаже единство и решителност кај меѓународната заедница, рече Џонсон пред Парламентот во Лондон.
Тој додаде дека севернокорејскиот амбасадор во Британија бил повикан во Форин офис каде му била врчена формална протестна нота за најновите нуклеарни тестирања.
Северна Кореја во неделата предизвика глобална вознемиреност со својата досега најсилна атомска проба за која тврдат дека станува збор за хидрогенска бомба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
