Велика Британија прима деца бегалци одвоени од родителите

Велика Британија ќе прими деца бегалци, кои се одвоени од своите родители во судирите во Сирија и други земји, соопшти денеска британската Влада.
- Кризата во Сирија и случувањата на Блискиот Исток и во северна Африка разделија голем број бегалски деца од нивните семејства, изјави британскиот министер за имиграција, Џејмс Брокеншајр.
Наведувајќи дека за „големо мнозинство“ од нив најдобро е да останат во регионот со членовите на поширокото семејство, тој додаде дека Велика Британија сепак побарала од УНХЦР да ги „идентификува исклучителните случаи во кои во најдобар интерес на детето е да се насели во Британија“.
Властите засега не можат да потврдат колкава е бројката на деца, која Британија би ја прифатила, нагласувајќи дека прашањето на имиграцијата е едно од најчувствителните во политиката на таа земја.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
