Велика Британија со рекорден извоз на оружје во 2018 година

Велика Британија објави дека постигнала рекордна продажба на оружје во 2018 година, која и била најдобра во однос на извоз на британско вооружување.
Во извештај објавен денеска, Министерството за меѓународна трговија на Велика Британија соопшти дека нарачките за оружје во 2018 година достигнале сума од 14 милијарди фунти (околу 17 милијарди долара), девет милијарди повеќе од 2017 година.
Во извештајот се истакнува дека има пораст на продажба на авионите Тајфун на Катар и компонентите за авионите Ф-35 на САД. Договорот за испорака на 24 авиони Тајфун на Катар, кој беше финализиран во септември, е во вредност од пет милиони фунти.
Според овој извештај, Велика Британија е втор најголем извозник на оружје во светот, зад САД. Американскиот удел во светската трговија со оружје изнесува 40, а британскиот 19 проценти.
Русија, која е трет најголем извозник на оружје, има 14 отсто удел во пазарот, а четврта е Франција со девет проценти.
Ново на Сител
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
