Велика Британија воведува доживотен затвор за „убијците на патиштата“

Лицата во Велика Британија, кои поради опасно возење или управување на возило под дејство на алкохол ќе предизвикаат сообраќајна несреќа со смртни последици, би можеле цел живот да го поминат зад решетки, овие измени во законот ги соопшти британската Влада.
Весникот „Индепендент“ пишува дека максималната казна за несреќа со смртна последица, која ја предизвикал возачот поради неприспособена брзина, возач кој претекнувал или разговарал на мобилен телефон, ќе биде зголемена од 14 години, колку што изнесува сега, на доживотен затвор. На тој начин овие дела ќе бидат изедначени со казната за убиство од немарност. Исто така, возачот кој е под дејство на алкохол или наркотични средства може да биде осуден на максимална казна доживотен затвор, за разлика од досегашната максимална казна која изнесува 14 години затвор.
- Долго работевме на оваа измена на законот. Ги анализиравме сите најлоши случаи и несериозни престапи и сметаме дека сега е вистинско време за воведување доживотна затворска казна за оние кои убиваат луѓе на патиштата возејќи опасно, додека се пијани и под дејство на наркотични средства, изјави британскиот министер за правда, Доминик Раб.
Во законот ќе се вметне и нова квалификација, но се уште не е одлучено која максимална затворска казна ќе биде одредена за тоа, а станува збор за предизвикување сообраќајна несреќа поради невнимателно возење во која има тешко повредени лица.
„Индепендент“ наведува дека минатата година 157 лица се осудени поради предизвикување сообраќајни несреќи со смртни последици
Ново на Сител
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
