Вељаноски на пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Софија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Софија, соопшти собраниската прес-служба.
Во рамките на конференцијата, Вељаноски ќе се обрати на тема: „20 години ПСЈИЕ: Регионот - нова реалност и заеднички прерспективи“ .
За време на Пленарната сесија ќе се одржат состаноци на Постојаниот комитет и генералните комисии на Парламентарното собрание, а ќе биде доделена наградата за најуспешните учесници на Регионалниот натпревар за младински есеј на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ на тема „Младите од Југоисточна Европа за просперитетот на регионот.“
Во Парламентарното собрание на ПСЈИЕ членуваат 13 земји од регионот каде се работи во насока на зајакнување на соработката и координацијата на парламентите на сите земји учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа,со цел да се промовира мир, безбедност, стабилност, солидарност и добрососедска соработка во регионот.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал