Македонија
25. August 2020 - 10:14

Вељаноски: Нема причина и економска оправданост за 5 потпретседатели на Собранието

Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.

Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!

Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието.

Трајко Вељаноски
Поранешен претседател на Собранието