-->
-->
Велосипедист удрен од автомобил кај Драмски театар
-->
– Седумдесет и четиригодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во близина на Драмски театар, потврдија од МВР за МИА.
Оттаму посочија дека денеска во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Руѓер Бошковиќ“, во близина на Драмски театар, патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В. А. (55) од Скопје, удрило во велосипедистот Б. В. (74) од Скопје.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ГОБ „8-ми Септември“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
-

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
-

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
-

Маж со нож повредил двајца туристи пред влезот на Акропол во Атина
-

Меси им кажал на соиграчите дека финалето на СП 2026 е неговиот последен натпревар за Аргентина
-

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
