Свет
31. October 2017 - 9:46

Венецуела: Опозициските партии ќе ги бојкотираат изборите

Трите најголеми опозициски партии во Венецуела ќе ги бојкотираат локалните избори закажани за декември, бидејќи не очекуваат да бидат слободни и транспарентни.

- Не е одржливо учеството на овие избори, изјави Енри Рамос Алуп од „Демократска акција“.

На регионалните избори во октомври, партијата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро победи во 18 од 23 држави.

Опозицијата се жалеше на бројни нерегуларности, но нивните жалби не беа усвоени.