-->
-->
Венгер: УЕФА дозволува допинг?!
-->
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека е изненаден од строгата казна на УЕФА која го казни македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со 4-годишна забрана за настап.
Според него Арсенал не добива ништо од оваа казна бидејќи го загуби натпреварот со 2-1 што со други зборови би значело дека допингот е дозволен.
Токму вечерва во Лондон , Арсенал го пречекува Динамо Загреб и мора да го совлада за да оди понатаму.
Венгер на новинарите им откри дека дури 10 инспектори за допинг биле присутни во тренинг центарот на Арсенал минатиот петок.
Според правилата на УЕФА доколку еден фудбалер биде позитивен на допинг тестот тогаш му следи суспензија но доколку двајца или повеќе играчи бидат позитивни на тестот тогаш следи дисквалификација за клубот и дополнителни казни.
Според тренерот на Динамо , Зоран Мамиќ казната на Адеми е изживување врз малите клубови. Тој му одговори и на Венгер: „Господинот Венгер може да мисли и кажува што сака но други луѓе ги носат одлуките“-изјави Мамиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
