Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ги засили критиките кон Украина и го предупреди претседателот Володимир Зеленски да не го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп.
-Идејата дека Зеленски ќе го смени мислењето на претседателот на претседателот со клеветење во јавните медиуми … секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е многу лош начин да се работи со оваа администрација, изјави Венс во интервју за британскиот весник „Дејли мејл“
Тој нагласи дека Зеленски добил „лоши совети“ за тоа како да се справи со новата администрација.
-Очигледно го сакаме украинскиот народ. Се восхитуваме на храброста на војниците, но очигледно мислиме дека оваа војна треба брзо да заврши, наведе Ванс.
Тој негира дека политиката на Трамп била под влијание на руската дезинформација.
-Мислам дека Доналд Трамп знае многу за геополитиката и има многу силен став, што го има многу долго време, посочи Венс.
Трамп неодамна повика на избори во Украина поради тврдењата дека рејтингот на Зеленски се намалил на четири отсто. Зеленски ги отфрли тврдењата на Трамп, нарекувајќи ги резултатите од анкетата дел од руските дезинформации. Трамп, исто така, тврди дека вкупните воени трошоци за време на војната достигнале 320 милијарди долари, а 200 милијарди долари се од меѓународните партнери (САД и Европска Унија). Според Зеленски, САД одвоиле 67 милијарди долари воена помош и уште 31,5 милијарди долари директна буџетска поддршка.
Ново на Сител
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Трето прекршување на примирјето меѓу САД и Иран
-

Анкета: Мнозинството Германци не гледаат изборни бенефити за конзервативците од замената на Мерц
-

Иранскиот претседател повикува на промена во стилот на лидерство во земјата
-

Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
