Венус Вилијамс учествувала во сообраќајна несреќа со смртни последици

Американската полиција соопшти дека тениската ѕвезда Венус Вилијамс учествувала во сообраќајна несреќа со смртни последици во почетокот на јуни.
Според Си-Ен-Ен, петкратната шампионка на Вимблдон го игнорирала правото на првенство на премин на крстосница во близина на нејзината куќа во Палм Бич Спрингс на Флорида и дојде до судар со друго возило, со кое управувала Линда Барсон, а на местото на совозачот бил нејзинот сопруг Џером Барсон (78).
Госпоѓата е полесно повредена, додека нејзиниот сопруг бил однесен во болница поради повреди на главата, но починал две недели подоцна, пишува „Новости“.
Вилијамс, како што се утврди, не била под дејство на дрога или алкохол, изјави дека поминала на зелено светло и дека не ги видела Барсонови како доаѓаат од другиот правец.
Ново на Сител
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
