Вер повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром
Американецот Дастин Вер повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва потпиша спогодбен раскин на договорот со клубот, по кој ниту една од двете страни немаат понатамошни обврски една кон друга.
– Тој со добрите игри на турнирите во АБА2-лигата го привлече вниманието на побогати екипи од далеку посилни првенства, нешто што придонесе да се намали неговата желба да го носи сино-белиот дрес. Како и во многу слични случаеви претходно, не сакавме во своите редови да имаме играч, кој не е целосно фокусиран на обврските кон нашиот тим и кој не го дава својот максимум, особено на средбите од домашниот шампионат, поради што прифативме прекин на соработката, соопшти вечерва македонскиот шампион.
МЗТ Скопје Аеродром веднаш почна со потрага на неговата замена, со надеж дека ќе најдеме уште подобро решение, односно играч кој покрај тоа што ќе игра добро во АБА2, воопшто нема да ги потцени македонските натпреварувања, каде што традиционално атакуваме на трофеите во првенството и во Купот на Македонија. На Вер, пак, како и на сите досегашни наши интернационалци, му посакуваме се најдобро во новата средина и успех во понатамошната кариера, додаваат од МЗТ Скопје.
Ново на Сител
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив