Верниците во Берлин на миса со тема „Војна на ѕвездите“

„Војна на ѕвездите“ и христијанските пораки имаат многу заеднички работи, сметаат младите викари на методистичката епископална Ционистичка црква кои со популарната филмска тема на неделната миса привлекоа голем број верници, меѓу кои многумина биле облечени во костуми од нивните омилени јунаци.
Викарите од Ционистичката црква во Берлин, Улрике Гарв(29) и Лукас Лудевиг (30) за темата за неделните проповеди одбрале делови од „Враќањето на Џедај“, третиот филм од циклусот „Војна на ѕвездите“ и шестиот по хронологијата на случувања од 1983 година.
За време на мисата била изведувана филмската музика од „Војна на ѕвездите“.
- Од минатата седмица знаевме дека денешната миса и проповедот ќе привлечат голем број на верници, но ова не го очекувавме, рече Лудевиг. Освен костимите на Дарт ВВејдер и Сит, обожавателите на мрачните страни на Силате се маскирале и во некои од другите ликови, но имале мотив. Имено, црквата на најуспешно маскираните одлучила да подари шест карти за најновиот филм од серијалот „Силата се буди“.
- Допирни точки со вистинскиот живот постојат, објасни викарницата Гарв, давајќи го како пример социјалното работењето со младите деликвенти.
- Не давајте да победи злото, туку добрите да завладеат со злото, во проповедта Гарв ги потсетила верниците читајќи делови од писмото на Павле до Римјаните.
- Во борбата меѓу доброто и лошото од филмот ги препознавме христијанските теми, рекла младата викарица.
Ново на Сител
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
