-->
-->
Верстапен ја искористи пол-позицијата и победи на ГН на Абу Даби
-->
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз на денешната трка за Големата награда на Абу Даби, последна за сезоната 2020. За Холанѓанецот ова е втора сезонска победа и десетта во неговата кариера.
Втората позиција ја освои пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас кој го потврди второто место во Генералниот пласман.
На третото место се пласира другиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон кој од поодамна ја имаше обезбедено шампионската титула.
Од 4-10 позиција се пласираа: Александер Албон, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Пјер Гасли, Естебан Окон и Ленс Строл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа