Верстапен: Титулите не се реална цел во моментов
Светскиот шампион Макс Верстапен предупреди дека титулите кај возачите и конструкторите не се реална цел во моментот откако доминантниот болид на тимот РБ20 во раната сезона се претвори во „автомобил што не може да се вози“.
Макс остана седми во квалификациите, а денеска не можеше да оди подалеку од шестото место на „Монца“ и во ниту еден момент не беше претендент за местата на подиумот.
Шампионот заврши речиси 38 секунди зад победникот Шарл Леклер и повеќе од 30 секунди зад конкурентот за светска титула Ландо Норис кој беше трет денеска.
И возачите на Мекларен ја намалија предноста на Ред Бул на врвот на конструкторскиот поредок на 8 поени, додека Макс има 62 поени предност пред Норис.
-Во моментов и двете титули не се реална цел. Зборував многу, сега е редот на тимот да ги направи потребните промени на болидот, бидејќи од доминантен болид преминавме во автомобил што не може да се вози - сето тоа во период од 6 до 8 месеци. За мене ова е многу чудно и треба сериозно да го смениме нашиот болид. Во моментов сме лоши во секоја област, потребни се многу промени, изјави Верстапен по трката.
Ново на Сител
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата
-
Милер го напушта Баерн по 25 години минати во клубот
-
Мицкоски на ПС НАТО: Да се размисли за механизми со што нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел
-
Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково
-
Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, САД ја зголемува помошта на девет милиони долари
-
Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија