Вевчани ќе биде полно за Нова година
Вевчани се подготвува за пречек на Новата година. Угостителските објекти се целосно исполнети, информира градоначалникот Цветомир Угриноски.
Најбројни се домашните гости, од кои најприсутни ќе бидат од Скопје, но ќе има и од другите градови.
- Вевчани ќе биде подготвено за новогодишните празници. Интересот е голем, дел од рестораните се резервирани, а исполнети се и сместувачките капацитети. Најбројни се гостите од Македонија, пред се од Скопје, истакна Угриноски.
Покрај во природните убавини со кои изобилува Вевчани, гостите, како што нагласи градоначалникот, ќе може да уживаат и во традиционалната вевчанска храна.
- Цените се солидни и реални. Се нудат производи од нашето поднебје, домашно вевчанско вино и ракија, познатите вевчански луканци... Гостите ќе имаат богат избор и богато мени и ќе може да уживаат во убавата вевчанска природа, изјави Угриноски.
Сепак, кулимнацијата на празнувањата во Вевчани се очекува за верскиот празник Василица или Стара нова година кога се одржува познатиот Вевчански карневал, а населбата ќе биде полна со гости од земјава и од странство.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд