Вевчани се збратими со романската општина Бран
Општина Вевчани денеска во Букурешт потпиша договор за збратимување со Романската општина Бран.
Општината Бран, позната по Замокот на Дракула ќе соработува со Вевчани на повеќе полиња, но главната цел на збратимувањето е Вевчанскиот карневал. Покрај Вевчани денеска во Букурешт под мотото „Заедно низ Европа“ ќе се збратимат повеќе општини од Македонија и Романија.
Збратимувањето, како што информира градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски, е на иницијатива на општината Бран, а се реализира во рамки на одбележувањето 20 години од воспсотавувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Романија. Соработката, според него, ќе овозможи влевање европски пари за реализација на локални проекти во Вевчани.
- Збратимувањето ќе значи поголеми можности за развој на туризмот и културата во Вевчани, но и можност за учество во меѓународни проекти со европските партнери, изјави Угриноски.
Замокот Бран или попознат кај народот како Замокот на Дракула е најпосетуваното место во Романија.
Општина Вевчани има воспоставеноп соработка и со Мелник од Бугарија , Ковачица од Србија и Херман Вил Сурмер од Франција.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе