Вибер добива три нови опции
Viber“, една од водечките светски апликации за размена на пораки објави дека наскоро ќе понуди нова верзија за корисниците, со три главни ажурирања на платформата. Новата верзија ќе содржи нови инстант видео пораки, „chat extensions“ кои на корисниците им овозможува пристап до услугите од трети страни и брзо пребарување на стикери и редизајнирани емотикони со забавен нов изглед.
Инстант видео пораки
Со брзо притискање и држење, корисниците ќе можат да снимаат видео порака за своите пријатели. Оваа новост е вградена веднаш во прозорчето за разговор и до неа може да се пристапи со брзо притискање на копчето за говорна порака. Корисниците брзо може да се префрлат помеѓу гласовни и видео пораки, што им овозможува да разговараат со пријателите баш онака како што сакаат. Инстант видео пораките на „Viber“ ќе бидат претставени како кружни видеа и се ограничени на 30 секунди, што ќе ги прави лесни, едноставни и забавни.
„Chat Extensions“
Корисниците ќе можат да им пристапат на услуги од трета страна од „Viber“. Новата верзија ќе има поддршка за „Giphy“, „Wikipedia“ и „TheMovieDB“, и секако, постојано ќе се додаваат нови. Пристапувањето до услугите ќе биде едноставно - корисниците ќе треба само да го притиснат „@“ и да го изберат името на услугата. Освен тоа, корисниците ќе можат да пристапат до збирката на разиграни стикери на истиот начин. Така што, со едноставно пишување @stickers или притискање на „@“, корисниците ќе можат да започнат со пребарување на своите омилени стикери.
Редизајнирани емотикони
Со овие промени, „Viber“ го претставува и новиот дизајн на сите емотикони достапни во апликацијата. Новите емотикони се дизајнирани со рамна, шарена естетика која визуелно ги зголемува и ги прави уште позабавни.
Ажурирањето на корисниците ќе им овозможи нови начини да останат во контакт со своите пријатели и контакти и ќе ја отвори платформата за уште повеќе можности со дополнителните услуги од трети страни. Новата верзија наскоро ќе биде достапна и за „Android“ и „IOS“.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат