Вицепремиерот Маричиќ ja пречека Фон дер Лајен
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ги пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, кои слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје.
Вицепремиерот Маричиќ, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, им посака успешни и конструктивни средби што ќе ги остварат со највисоките државни претставници, на кои ќе се разговара за заедничката соработка и делување во решавањето на енергетската и економска криза.
-Убави вести и убав повод имаат претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, и еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, за денешната посета на нашата земја. Добредојдовте, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Фон дер Лајен, со денешната посета на Скопје ја започнува нејзината турнеја низ земјите на Западен Балкан, во чии рамки ќе оствари средби со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Заедно со премиерот Ковачевски, таа ќе присуствува на потпишувањето на Договорот со Фронтекс, во Владата, од страна на чешкиот амбасадор Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и комесарката Јохансон, во име на Европската Унија (ЕУ), и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во име на Северна Македонија.
По потпишувањето на договорот ќе следи прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен во прес-центарот на Владата.
Ново на Сител
-

Израелска телекомуникациска инфраструктура користена за следење луѓе во повеќе од десет земји
-

Адвокатката на Дејан Јованов бара исклучување на јавноста и реакција на судот поради закани упатени кон него
-

СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев - Социјалистот и Апостолот на македонската слобода
-

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина
-

Фон дер Лајен: Европа мора да стане понезависна во енергетиката, одбраната и снабдувањето
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
