Фудбал
15. July 2015 - 19:03

Видал и Туран нема да играат ниту пријателски средби за Барселона

Новите засилувања на Барселона, Алеиш Видал кој дојде од Севиља и Арда Туран од Атлетико Мадрид, нема да може да настапуваат за актуелниот европски и шпански првак Барселона се до крајот на 2015 година, ниту на пријателски средби.
 
Причината е добро позната. Барселона има забрана од ФИФА за регистрирање на нови фудбалери до јануари 2016 година, но каталонците се надеваа дека Туран и Видал ќе се одржуваат во форма преку тренинзите со соиграчите и контролните натпревари што ќе бидат организирани не само летово, туку и беа планирани за текот на есента, за овие играчи да останат на „Камп Ноу“ и да го чекаат јануари.
 
 
Барселона испрати официјално барање до ФИФА, да даде дозвола на Туран и Видал да настапуваат на подговителните натпревари во текот на сезонат, но од таму добија негативен одговор.
 
Во врска со тоа, споменатите фудбалери од трибините ќе мораат да ги гледаат трите натпревари на американската турнеја, како и мечевите против Фиорентина и Рома на Гампер турнирот.