ВИДЕО: Избегнати три сообраќајки – возач вози во спротивен правец пред Свети Николе

Вистинска среќа имале неколку возачи кои вчера случајно се нашле на патот Кадрифаково – Свети Николе избегнувајќи сообраќајна несреќа, откако возач од непознати причини со автомобилот постојано се движел во лентата за спротивната насока. Како што вели наш читател кој ни го испрати ова видео, заедно со регистарската табличка на автомобилот, за неполни 15 минути биле избегнати три сообраќајни несреќи.
„Пред неполн час на патот Кадрифаково - Свети Николе за неполни 15 минути за среќа беа избегнати 3 страшни сообраќајки. Велам за среќа бидејќи возачите во спротивна насока излегоа надвор од пат за да не се удрат. Дали среќата го послужила шоферот и наредниот период не знам.
Она што го знам е дека и по пријава во полиција никој не се појави до моментот кога мојот пат и патот на совесниот шофер од сликите и видеото во линкот подолу се разделија.
Дали по страшната сообраќајка на ист начин од пред недела дена кога имаше и загинати лекцијата не се научи?“ – пишува нашиот читател кој ни го испрати ова видео.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
