-->
-->
(ВИДЕО) Нов несреќен пораз на Македонија во судиското продолжение
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби уште еден натпревар во квалификациите за СП со гол примен во последните мигови од натпреварот. Овојпат, се радуваа фудбалерите на Италија кои од „Филип Втори“ арената среќно си замина со полн плен (три бода) совладувајќи ја нашата селекција с0 3-2
Иако Аѕурите водеа со голот на на Андреа Белоти во 24 минута, сепак во вториот дел црвено-жолтите успеаја да направат и резултатски пресврт, па со головите на Илија Несторовски (57 минута) и две минути подоцна преку Ферхан Хасани, Македонија поведе со 2:1.
Имаа можност и за трет гол „ристовите„ кога ударот со глава на Мојсов, легендарниот Буфон го одбрани.
Сепак, дека Италија е светска велесила во фудбалот гостите покажаа во продолжението од натпреварот кога по притисокот кој го направија „Аѕурите“, Чиро Имобиле излезе нивни херој постигфнувајќи два гола. Првиот за израмнување (2-2) во 75 минута, а вториот победнички за Италија (3-2) во судиското надополнување, односно 92-минута.
Головите може да ги видите овде
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
