Видео од најголемата лабораторија за дрога во Југоисточна Европа - сместена во Тетово
Шест лица од Македонија и Србија се уапсени во синоќешната заедничката операција на двете земји, а со поддршка на американската ДЕА, на подрачјето на Тетово, во разбивање криминална група и откривање на најголемата лабораторија за производство на синтентичка дрога на Балканот.
- Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со заеднички истражен тим од Србија во координарани активности со ДЕА спроведе меѓународно криминалистичко истражување, со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија, производство и продажба на дрога, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Извршени се претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје. Лабораторијата е пронајдена во Тетово.
Како што информира Спасовски откриена е досега најголемата количина синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку се потврдат првичните проценки ќе биде и една од најголемите заплени во меѓународни рамки.
Според првичните сознанија во лабораторијата во куќа во Тетово се откриени над 125 килограми синтетичка дрога. Станува збор за минимум 500 илјади таблети синтетичка дрога, чија вредност е над 2,5 милиони евра.
Продолжуваат активностите во рамки на операцијата, и како што информира Спасовски, МВР следните денови ќе ја информира јавноста за сите нови моменти од истражната постапка, како и за процесуирањето на инволвираните лица.
Српската новинска агенција Танјуг претходно јави дека меѓу уапсените е и организаторот на групата Милан Зарубица.
Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ по повод заедничката акција на српската и македонската полиција истакна дека ова е еден од најдобрите резултати во запленување на синтетички дроги.
- Многу е добро што е уапсен Милан Зарубица, бидејќи тој се смета за еден од најголемите креатори на синтетички дроги, а на овие простори беше познат по оваа активност и порано, рече Стефановиќ.
Според српскиот министер, оваа запленета синтетичка дрога е многу важна бидејќи станува збор за капдагон, нова синтетичка дрога која е омилена и кај борците на ИСИС
МВР го објави видеото од лабараторијата... Погледнете како изгледа:
Ново на Сител
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција