-->
-->
Видиќ од Интер во Милан?
-->

Поранешниот српски репрезентативец Немања Видиќ, во јануари ќе го напушти Интер, а како негова следна дестинација италијанските медиуми го посменува градскиот ривал на ’нероазурите’, Милан.
Coriere Della Sera, објави дека тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, го сака Видиќ во својот тим за овој со своето искуство да му помогне на 20-годишниот дефанзивец Алесио Ромањоли.
Видиќ, оваа сезона нема ниту еден настап за Интер, откако во летниот преоден рок имаше операција на грбот. Тренерот Роберто Манчини не смета на услугите на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед поради што двете страни се договорија да го раскинат договорот.
Италијанските медиуми претходно пренесоа дека Видиќ ќе се врати во редовите на Спартак од Москва, чии дрес го носеше во периодот од 2004 до 2006 година. Покрај Спартак сериозен интерес за Видиќ покажува и премиерлигашот Евертон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
