-->
-->
Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради омикрон
-->
Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради неколку случаи на зараза со коронавирус во ансамблот.
Првата претстава беше откажана во саботата кога требаше да биде изведена „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот.
Државната опера порано не мораше да се затвори поради случаи на Ковид-19.
Повеќе од 85 отсто од персоналот се вакцинирани три пати, а ПЦР тестови се прават најмалку три пати неделно, изјави директор на операта Богдан Рошчиќ.
– Но, условите за работа, особено со уметнички групи, играње, пеење, танцување, заедничко музицирање, оневозможуваат целосна заштита, додаде Рошчиќ.
Тој рече дека поради варијантата омикрон, брзината и интензитетот на заразата „драстично се зголемени“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
