Џет-Сет
6. August 2015 - 11:52

Викторија го тужи Бруно Марс за плагијат

Српската рок пејачка Викторија наскоро ќе се најде на суд со Бруно Марс и Марк Ронсон поради тужбата која ја покрена.

Имено, пејачката смета дека песната за која таа ја направи музиката уште во 1984 година тие ја украле и го направиле хитот „Uptown funk“ минатата година.

Викторија за тоа ги извести и фановите и пријателите преку Фејсбук и напиша дека наскоро ќе се најде на суд со овие ѕвезди.

Споредете сами дали станува збор за плагијат.

Вака звучи нумерата на Аски „Улице мрачне нису за девојке“ за која пејачката ја работеше музиката:

А вака зучи хитот на Бруно Марс и Марк Ронсон „Uptown funk“: