Вилијан ги откри своите планови за иднината

Фудбалерот на Челси, Вилијан изјави дека сака да продолжи да игра во Европа, но планира да се пресели во МЛС пред крајот на кариерата. Бразилецот има договор со „сините“ само до крајот на сезоната и најверојатно ќе замине по нејзиниот крај.
Лондонскиот тим сака да го задржи Вилијан, но му нудат само двегодишен договор, додека тој инсистира на три, што е главното разминување меѓу двете стран во моментот.
Екипите на Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за трансфер на крилото, а Вилијан е уверен дека сè уште има што да понуди на највисоко ниво.
– Имам планови да останам во Европа и да се обидам да играм тука можеби за уште три или четири сезони. Верувам дека сè уште можам да настапам на високо ниво. Потоа, кога ќе наполнам 35, 36 години, планирам да одам во САД и да играм таму. Ова е цел што ја имам. Не исклучувам да се вратам во Бразил, ова е мојата земја и мојата култура. Но, враќањето во Бразил не би било мојот прв избор ако ја напуштам Европа. Сакам да играм во САД и заради моето семејство би било добро да живеам таму. Засега, Бразил не ми минува низ умот. Се разбира, ова може да се промени и можам да го направам тоа еден ден. Можам да се вратам во Коринтијанс и да се пензионирам таму. Но, мојата цел во моментов е да останам во Европа, да играм можеби три или четири сезони и потоа да заминам во САД, рече Вилијан.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
