-->
-->
Вимблдон: Најавено полуфинале Ѓоковиќ-Федерер
-->

Новак Ѓоковиќ, бранителот на титулата на неофицијалното првенство во тенис Вимблдон, во проектираното полуфинале би можел да се сретне со Роџер Федерер, против кого во претходните две години ја освојуваше титулата. Второто проектирано полуфинале е Енди Мари-Стан Вавринка.
Првиот светски рекет и во моментов сопственик на титулите на сите четири Грен слем турнири, настапот на Вимблдон в понеделник ќе го започне против британскиот тенисер Џејмс Ворд. Во втората рунда најверојатно ќе игра против Андреа Манарино, а потоа против Американецот Сем Квери.
На патот до полуфиналето Ѓоковиќ најверојатно ќе мора да го совлада и Шпанецот Давид Ферер, а пред проектираниот дуел со Федерер, во четвртфиналето го чека тежок противник во името на Милош Раониќ.
Преостанатите проектирани четвртфиналиња се Роџер Федерер-Кеи Нишикори, Доминик Тим-Стан Вавринка и Ришар Гаске-Енди Мари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
