Тенис
8. July 2015 - 19:56

Вимблдон: Ново полуфинале за Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер и актуелен шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ успеа да избори уште едно полуфинале на Вимблдон. Тој во денешното четвртфинале го победи Марин Чилиќ (9.носител) со 3:0 во сетови (6:4, 6:4, 6:4). Чилиќ во текот на мечот немаше ниту една брејк топка.

Ова за Ѓоковиќ е седмо полуфинале во Лондон, а во меѓусебните дуели со Чилиќ по денешната победа има скор од 13-0. Воедно овие двајца тенисери и лани играа во четвртфиналето и тогаш Ѓоковиќ победи со 3:2 во сетови.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Стан Вавринка- Ришар Гаске (2:2 во сетови).
Во второто полуфинале во петок ќе играат Рожер Федерер (2) - Енди Мареј (3).