Винегин: Позицијата на Бугарија за Република Македонија не е променета
Позицијата на Бугарија за Република Македонија не е променета. Тоа го изјави пред новинари во Парламентот Кристијан Винегин, заменик-претседател на Народното собрание.
Винегин потсети дека вчера Министерството за надворешни работи ја потврдило таа позиција на Советот за заеднички работи на ЕУ.
– Таа позиција се наоѓа и во коалицискиот договор. Таму исто така е запишано дека се поддржува широк консензус во Бугарија по тоа прашање, коментира Винегин.
Винегин им препорача на новиарите да ги видат и оргиналните текстови на интервјуата. Тој алудира на интервјуто на премиерот Кирил Петков за „Фајненшел тајмс“.
– Начинот на кој е цитирано интервјуто во бугарските медиуми, не е тоа што се наоѓа во оргиналниот текст. Одново истакнувам – бугарската позиција останува единствена, таа е истата што е потврдена со одлуката на Народното собрание. Во нашиот договор пишува дека таа позиција останува и ќе биде надградена со идеи за нови заеднички комисии, за соработка во одделни области, рече Винегин.
Според него, додека Република Македонија не ги исполни ангажманите кон бугарската страна, нова позиција по тие прашања не може да има, и засега Бугарија не може да даде согласност за старт на преговорите меѓу Република Македонија и ЕУ.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
