-->
-->
Висока функција за Ѓорѓиоски во ФИФА
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) на состанокот во Колката, Индија, именуваше неколку важни позиции за Светското првенство во Русија 2018, но и за иднината на мундијалите, а висока позиција доби и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.
Стратешкото тело на ФИФА одобри зголемување на наградниот фонд за СП во Русија на 400 милиони долари, зголемување од 12 отсто од наградниот фонд за 2014, а исто така ги назначи членовите на извршното тело за кандидирање на следните првенства.
Оваа група ќе биде сочинета од претседателите за ревизија на ФИФА (Томаж Весел) и комитетот на управување (Мукул Мугдал), а претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски, ќе биде член на Организациониот комитет за натпреварувања, заедно со експертите од администрацијата, заменик-генералниот секретар Звонимир Бобан и генралниот за администрација, Марко Вилигер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим