-->
-->
Високи претставници на ЕУ и Ердоган ќе се состанат на 26 март во Бугарија
-->

Високи претставници на Европската унија ќе се состанат со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 26 март во Бугарија, за да разговараат за односите меѓу ЕУ и Турција како и за регионални прашања, изјави портпарол на ЕУ.
Состанокот во Варна ќе се случи во сенка на нaрушените односи меѓу Турција и ЕУ, а дипломати од Брисел признаа дека некои луѓе од ЕУ едвај се согласиле на тој состанок.
Домаќини на вечерата на која ќе присуствува Ердоган ќе бидат бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
- Ова ќе биде добра прилика здружено да го процениме заедничкиот интерес и неодамнешните случувања во вашата држава, меѓу кои и областа на владеење на правото и фундаменталните слободи кои остануваат клучни за иградба и перспектива на односите меѓу ЕУ и Турција, се наведува во поканата до Ердоган која му ја испратија двајца високи претставници на ЕУ.
Односите меѓу официјалните претставници на Анкара и ЕУ се влошија по неуспешниот пуч во таа држава во 2016 година и поради вербалните напади на Ердоган упатени кон Германија и Холандија, кои се членки на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
