Високи темепратури, до крајот на следната недела портокалова фаза
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната темепратура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40степени.
Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Мила Релиќ со победа над двократната олимписка шамионка влезе во четврт финале!
-
Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот безан во Велес и паднал на шините на пругата
-
Македонскиот репрезентативец Егоров доживеа тежок пораз во првото коло на Олимписките игри
-
Лишен од слобода маж од Велешко поради предизвикување пожар
-
Уште еден земјотрес од 7,1 степен ја погоди јужна Јапонија
-
Снуп Дог наводно заработува милиони само за да присуствува на Олимпијадата
-
Петиција против одлуката на НАСА за откажување на „ВИПЕР“
-
Кина поставува своја мрежа интернет-сателити