Високи температури до крајот на неделава
ериодот на многу топло време продлжува до крајот на неделава. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Според прогнозата на УХМР, минималаните утрински температури ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена, а масималните дневни од 30 до 38. УВ индексот ќе достигне вредност 9.
Поради високите температури што деновиве ја зафатија државата, Министерството за здравство објави препораки за заштита. На граѓаните им се советува да престојуваат повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат големи количества течности и при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Треба да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска