Високите потпетици и направиле пекол од животот: Поради нив останав без нога!

Високите потпетици се и благослов и клетва, а на една жена неповратно и го уништиле животот.
Високите потпетици се и благослов и клетва, а на една жена неповратно ѝ го уништиле животот.
Лорејн Бурнет (37) од Шкотска го споделила своето ужасно искуство со високи потпетици. Таа уште во 2008 година на божиќна забава носела чевли високи 12 сантиметри, што на крајот скапо ја чинело.
Чевлите цела вечер ја стегале, а кога дошла дома на левото стапало видела многу непријатен плускавец. Како и повеќето жени, си помислила дека тоа не е ништо страшно.
Знаев што треба да направам, да го исчистам и да ставам фластер. После една недела толку многу ме болеше, што отидов на лекар кој ми препиша антибиотици. Навистина мислев дека тоа ќе ми помогне", раскажала Лорејн, пишува „Metro".
Сепак, било многу полошо отколку што си мислела. Набрзо не можела нормално да оди ниту да ги извршува секојдневните обврски.
Откако плускавецот продолжувал да се шири, а Бурнет две години се борела со инфекции, докторите ѝ рекле дека ќе ѝ го ампутираат долниот дел од ногата. Тогаш таа одлучила јавно да проговори и да ги замоли луѓето да ѝ помогнат да купи нова протеза, наместо стандардната која се добива со здравственото осигурување.
Како што објаснила, сака повторно да се чувствува како жена, а новата нога за неа би значела нов живот.
Ме боли срцето кога ќе се сетам дека останав без ногата поради високи потпетици", рекла таа. Проговорила и за одлуката да ампутира дел од ногата за да спречи понатамошни инфекции. Откако докторите ја увериле дека зафатот е најдоброто решение, таа се подложила на петчасовна операција.
Морав да дадам отказ, што ме уништи. Не можев да верувам колку ми се промени животот за само неколку години. Од личност која сакаше да излегува, станав жена која не излегува од дома", раскажала таа.
Постои сомнеж дека плускавецот се претворил во нешто многу полошо поради фактот дека има дијабетес тип 2. Имено, тој доведува до оштетување на нервите и слабеење на циркулацијата, па е потешко да се забележи повреда на нозете, а на болните побавно им зараснуваат раните, па поради тоа и мали повреди стануваат многу поголем проблем со тек на време.
Ново на Сител
-

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025
-

Сончево со наместа зголемена облачност во утринските часови
-

Град Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово насилство
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
-

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица
-

Гаража во Аеродром продадена за 30 илјади евра, за половина година становите во Охрид поскапеле за 27 проценти
-

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
-

Претреси во Скопје, приведени 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
