Вистината поужасна од што се мислеше - уапсен убиецот на Јелена Марјановиќ

Катарин Долинеј Чоплан го признал убиството на Каролина Г. во Германија, но трагите водат до тоа дека тој е убиецот и на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.
Германската полиција пред неколку дена го уапсила камионџијата на возраст од 40 години, а неговата крв е пронајдена и на насипот каде беше убиена и Јелена. Токму затоа се испитува дали тој ја убил ѕвездата на Гранд.
- Германската полиција извести дека има налог за негово апсење, а истрагата е во повеќе градови и држави, каде има повеќе исчезнати девојки, вели извор за српскиот Курир.
Инаку, она што наведува дека тој е убиецот на Јелена е тоа што убиството на Јелена е пресликано од убиството на Каролина, таа починала во исти ужасни маки. Начинот на кој тој ги убивал жртвите е идентичен, ги чекал на осамени и напуштени места и ги мачел.
Пејачката беше убиена лани на 2 април на насипот кај Борча.
Српските медиуми најавуваат повеќе детали.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
