Вистински пекол: Измерена највисока температура на Планетата

На територијата на Кувајт, емират на брегот на Персискиот Залив, се измерени 54 степени Целзиусови, што претставува највисоката измерена температура воопшто, во историјата на метеоролошките мерења, јави телевизијата „Ал Арабија".
Како што пренесува ТАСС, рекордната температура од 54 степени Целзиусови, односно 129 степени Фаренхајтови, е измерена во средата на 20 јули, во местото Мутриба, северозападен Куваит. Податокот за светскиот рекорд, претставен од кувајтските метеоролози, денеска се потврдени и од Светската метеоролошка организација.
Претходно, температура од над 54 степени била регистрирана само двапати. На 10 јули 1913 година во Калифорнија, во т,н. Долина на смртта, каде живата достигнала 56,7 степени, а на 13 септември 1922 година, во италијанска воена база во либиската пустина се забележани 58 степени Целзиусови. И во двата случаи, според експерти, мерењата биле направени со уреди со сомнителна точност, така што, ниту едниот, ниту другиот податок, не се признати како веродостојни.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
