Вјоса Османи: Дијалогот со Србија треба да се преиспита по нападот од 24 септември во Бањска

Косовската претседателка Вјоса Османи, изјави дека Косово јасно докажа дека Србија стои зад нападот на 24 септември во Бањска во северно Косово, кога загинаа еден полицаец и тројца од напаѓачите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Османи рече дека страните не можат да се однесуваат како да не се случил 24 септември и дека процесот на дијалог мора да се преиспита.
Во денешното обраќање пред медиумите, косовската претседателка рече дека има „четири главни елементи што ја поврзуваат Србија со овој напад“.
– Првиот е поврзан со финансирањето на тие структури, за кои има документирани докази. Вториот е поврзан со оружјето, третиот со обуката, што дури и српската држава не го негира, а четвртиот елемент е поврзан со вмешаноста и политичките врски на српската држава со терористите кои го предводеа овој напад. Земјите-членки можат да ги имаат процедурите за потврдување на овие информации. Време е за рефлектирање бидејќи пристапот во овие 12 години го охрабри (претседтелот на Србија, Александар) Вучиќ да користи насилство, рече Османи.
Таа смета дека постои можност за воведување мерки од страна на меѓународната заедница против Србија.
– Одреден број земји-членки (на ЕУ) дадоа позитивни сигнали дека размислуваат за такво нешто. Со сите овие аргументи, би било штетно за мирот и дијалогот доколку не се преземат мерки против Србија, изјави Османи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
