Вјоса Османи тврди дека најдобро би било Косово со САД да го изработат нацрт статутот на ЗСО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, синоќа изјави дека најдобро би било Косово заедно со САД да го изготват нацрт статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), дека за тоа инсистирала во разговорите со премиерот Албин Курти и дека премиерот тоа не го поддржал.
„Ова го кажав многу пред да го кажам јавно на секоја средба што ја имавме со другите институции, затоа што таква иницијатива мораше да дојде од тие што го водат дијалогот.
Инсистирав да седнеме и да направиме нацрт во согласност со Уставот, бидејќи не е на претседателот да го подготвува нацртот“, рече Османи. Ја прашале зошто не се обидела да го убеди премиерот за тоа.
„Можеби на премиерот аргументите не му беа убедливи, што уште сакате да ви кажам“, одговори таа.
За односот со премиерот Курти, рече дека го смета за коректен, а според неа, нивната заедничка цел е Косово.
„Ние имаме конректен однос, го почитуваме ставот и на едениот и на другиот, имаме дебати, но стигнуваме до патот, нашите цели се заеднички, никогаш не се разликуваме во нашите цели, двајцата сме тие што ја заслуживме довербата на граѓаните, должни сме им на граѓаните да работиме заедно“, рече Османи.
Таа за РТВ 21 изјави дека постои загриженост во однос на надлежностите на ЗСО, кои се утврдени во нацрт-статутот.
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
