Вкупно 57 случаи на голема кашлица во Скопје, засега нема мали сипаници
Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица сезонава, нема регистрирано мали сипаници, овие податоци се заклучно со 22 февруари, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.
Дека е зголемен интересот за вакцинација против пертусис, народски позната како голема или магарешка кашлица, потврди вчера заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
- Добрата вест е дека е зголемен интересот за вакцинација, а тоа го покажуваат и бројките. За период од 01.01-08.02.2024 година имало 669 вакцинирани деца од предучилишна возраст, во следниот период, односно од 09.02 - 21.02.2024 година се вкупно вакцинирани 872 деца. Исто така, комплетно вакцинирани со пертусис на училишна возраст во периодот од 01.01-08.02.2024 година биле 127 деца, а во следниот период - 264 деца, информираше Манолева.
Заменик министерката уште еднаш ги повика родителите да ги вакцинираат нивните деца, зашто, како што подвлече, тоа е единствената безбедна превенција и најдобра заштита од ова заболување.
На вакцинација на 15 февруари повика и новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, кој беше прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.
Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.
- Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање. gole
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
