-->
-->
Вкупно 75 загинати и исчезнати во поплави во Кина
-->
Вкупно 75 лица загинаа или се водат како исчезнати во поплавите во северот на Кина, кои се сметаат за најголеми во последните неколку години, соопшти денеска кинеската Влада.
Поројните дождови кои траат од понеделникот, предизвикаа хаос во некои реони, вклучувајќи го и Пекинг. Насипите во некои централни области во Кина пак, во секое време може да попуштат. Поради ваквата состојба мобилизирана е и војската.
Десетици илјади лица се евакуирани, а штетата се проценува на стотици милиони долари.
Последните поголеми поплави што ја погодија Кина се случија во 1998, при што загинаа 4.150 луѓе.
Во првата половина од оваа година, билансот на загинати и исчезнати во поплави во Кина е 576 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"