Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
Полициските службеници вчера изрекле 827 платни налози во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ државата.
Како што информира МВР, по основ на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера биле изречени 203, односно само 52 прекршоци.
Евидентиран е и зголемен број на прекршоци по основ на неносење сигурносен појас – 82, 13 учесници во сообраќајот се казнети за неносење заштитен шлем, а 35 возачи поради зборуавње на мобилен телефон при возење.
Петмина возачи вчера минале на црвено светло, шестмина управувале под дејство на алкохол, а 69 возачи управувале возила без возачки дозволи. Десет возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, а 16 возила затоа што не биле со валидна регистрација.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ