Вкупно 895 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 273 за брзо возење

Полицијата вчера во рамки на сообраќајните контроли на подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи издала вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и Законот за возила (ЗВ).
Како што соопшти МВР, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање 299, а 273 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Прекршоци по основ на непоседување на возачка дозвола се 67, прекршоците за некористење на сигурносен појас 54, за користење на мобилен телефон при возење 21, како и 11 прекшоци што ги сториле пешаци.
Во рамки на контролите, во девет случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 12 возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 17 нерегистирани возила како и седум возила кои што биле технички неисправни согласно Законот за возила.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
