Влада: Активно работиме на изнаоѓање решение за ФИНКИ

Во тек се активности за изнаоѓање привремено решение за да се обезбеди соодветен простор за организирање на наставата на Факулетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), како и реализација на трајното решение, соопшти попладнево Владата, посочувајќи дека за таа цел, преку Министерството за образование и наука, е во континуирана комуникација со раководството на Факултетот.
-Владата покажа дека е цврсто определена кон изнаоѓање решенија за какви било предизвици низ дијалог со сите засегнати страни и на тој начин е пристапено и кон ова прашање. Краткорочното решение ќе се дефинира на средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, согласно владин заклучок, соопшти владината прес-служба.
Владата ја разгледала Информацијата за обезбедување простор за потребите на ФИНКИ и веќе ја задолжила владината Служба за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот и во конкретен рок од три месеци, да разгледа алтернативни решенија, до реализацијата на трајното решение.
-Воедно, Владата информира дека е одлучна да обезбеди достоинствени услови за настава на студентите на ФИНКИ во предвидениот нов современ објект кој започна да се гради во 2015 година и активно работи на надминување на проблемот што се појави поради стечај на фирмата изведувач на градежните работи. Се очекуваат извештаите од ревизијата на проектот и проценката на извршените активности од договорот коишто се во надлежност на релевантни органи, по што веднаш ќе се пристапи кон избор на нов изведувач, што целосно и во ефикасна процедура ќе го изгради новиот објект на Факулетот, наведува Владата во соопштение.
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
