Влада: Исплатата на пензиите почнува од 29 јуни

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.06.2021 година.
Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток); и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
