Влада на Косово: Курти ги прифати Бриселскиот договор и Анексот од Охрид, Вучиќ одбива да ги потпише
Косовската Влада соопшти дека премиерот Албин Курти ги прифатил бриселскиот Основен договор меѓу Косово и Србија од 27 февруари 2023 година и Анексот за спроведување на Охридскиот договор од 18 март 2023 година, но тие не можат да се спроведат поради одбивањето на Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во синоќешното соопштение на Владата во Приштина по вчерашните средби во Брисел на Курти со високи претставници на Европската унија, се наведува дека косовскиот премиер им нагласил на европските лидери дека „само потпишувањето значи имплементација на договореното“.
– Овие договорени документи се заеднички успех со Европската унија. Договореното мора да се спроведе во целост, без услови, без одлагања, се цитира Курти во соопштението.
Според кабинетот на косовскиот премиер, потпишувањето на бриселскиот договор и охридскиот анекс го отфрлил српскиот претседател, Александер Вучиќ, кој побарал прифаќање на „странично писмо“ со кое, вели косовската Влада, укинуваат одредени принципи од договорот.
– Претседателот на Србија, Вучиќ, одби да потпише договор со Косово и побара да се прифати странично писмо со кое практично укинува три принципи од Основниот договор, на Анексот за спроведување, како и на нацртот предложен од петмината емисари на 21 октомври годинава, се вели во соопштението.
Во него се наведува дека Курти на вчерашните средби во Брисел со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерката на Италија, Џорџија Мелони, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, потпретседателот на Европската комисија и Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, како и со неговиот емисар Мирослав Лајчак, „им се заблагодарил за нивната улога, посветеност и придонес за мирот и нормализацијата на односите меѓу Република Косово и Србија“.
Тој го повторил барањето за санкции и казна кон Србија, поради нејзината улога во нападот врз косовската полиција на 24 септември во северно Косово.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата