Македонија
3. August 2017 - 20:18

Влада на РМ: Не се точни информациите пренесени во српските медиуми за името

Владата на Република Македонија ги отфрла како целосно невистинити и неточни информациите објавени на рускиот интернет портал „Спутник“ кои подоцна се преземени и објавени на повеќе регионални српски интернет медиуми. 

- На самитот на Јадранската група во Подгорица во ниту еден момент не е разговарано за промена на името на Република Македонија, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.