Македонија
26. July 2017 - 11:13

Влада презеде мерки за продолжување на изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица

Владата ќе помогне МЕПСО да обезбеди имотен лист за далеководите што се наоѓаат на трасата на автопатот Демир Капија - Смоквица, а за кои има потреба да се поместат, со цел да се овозможи продолжување на градежните работи.

Владата, како што соопшти владината прес-служба, истовремено ги задолжи надлежните државни претпријатија, заедно со ЕВН, да предложат системско решение за овие прашања, со оглед дека постојат и други вакви проблеми, и тоа токму на автопатиштата чијашто изградба е почната без претходно да се решат отворени имотни прашања.