Владата бара решение за МЖ Транспорт
Да се репарираат постоечките вагони на МЖ Транспорт ад Скопје со што ќе се зголеми транспортниот капацитет на стоки преку железницата. Со тоа железничкиот транспорт би станал поефикасен и поатрактивен за компаниите кои увезуваат или извезуваат производи, би се зголемиле приходите на МЖ транспорт и би се подобрила ликвидноста.
Ова е едно од предложените краткорочни решенија за состојбите во МЖ Транспорт изнесени на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт Горан Сугарески со менаџментот на МЖ Транспорт.
На состанокот по направениот пресек на работењето и состојбата во МЖ Транспорт вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески разгледувале опции и предложиле потенцијални решенија. Во железничкото претпријатие е наследена тешка финансиска состојба за која Владата бара долгорочно решение, информира владината прес-служба.
- Направените анализи покажуваат дека е наследена тешка финанска состојба, која произлегува од непродуктини трошоци и несоодветни инвестиции кои не послужиле за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста, напротив создале дополнителен финансиски товар за претпријатието, што резултира со зголемување на долговите и загубите на акционерското друштво, се вели во соопштението.
Утврдено е дека постојат повеќегодишни проблеми со кои се соочува МЖ транспорт, недомаќинско работење и несервисирање на долговите, што довело до загрозување на ликвидноста на компанијата.
Ново на Сител
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер